Видео рецепт: Брза чоколадна торта
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 4 јајца
- 200 гр. шеќер
- 50 мл. масло
- 200 мл. млеко
- 10 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица какао
- 100 гр. рендано чоколадо
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 100 гр. какао
- 100 гр. шеќер
- 100 мл. млеко
- 250 гр. путер
- 200 гр. чоколаден крем
Денес ќе готвиме заедно со Весна, готвач член на нашата веб-страница. Весна ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Брза чоколадна торта.
Торта со интензивен вкус на какао и чоколадо, која се подготвува за нешто повеќе од половина час.
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на тестото најпрво одделете ги белките од жолчките. Матете ги белките со шеќер и кога ќе се згусне смесата додадете ги жолчките една по една. Соединете ја изматената смеса со сувите состојки и печете во загреана рерна на 180С, 20 минути. Извадете го тестото да се лади.
Чекор 2: Во меѓувреме подгответе го филот. Ставете ги млекото и шеќерот во сад на оган и мешајте додека не се растопи. Додадете го и какаото. Кога ќе се изедначи смесата, тргнете ја на страна да се излади.
Путерот изматете го со кремот убаво да се соедини, а потоа додадете ја и смесата со какао. Измешајте убаво.
Чекор 3: Изладеното тесто поделете го на два или три дела по желба, филувајте со готовиот фил и декорирајте.
СОВЕТ: Оваа торта е идеална за со кафе, со силен вкус на какао, за љубителите на црно чоколадо.