Непечена Сникерс торта
Состојки
- Состојки за подлогата
- 200 гр мелени бисквити
- 80 гр чоколадо за готвење
- 100-120 гр млеко (зависи од сувоста на бисквитите)
- Состојки за слојот од кикири
- 300 гр ситно мелени печени и несолени кикирики
- 100 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 60 мл млеко
- Состојки за филот од карамели
- 500 мл млеко
- 60 гр густин
- 300 гр лешник карамели
- 125 гр омекнат маргарин
- Глазура
- 150 гр течна слатка павлака
- 100 гр чоколада за готвење
- 1 лажица мед
Подготовка
Ова е супер калорично и вкусно тортиче. Кога прв пат наидов на овој рецепт едноставно се вљубив и затоа и морав да го испробам со самото тоа што направив некои мали измени од оригиналниот рецепт...нареден пат ќе направам сникерс по мој вкус и на мој начин =)))
1. Припремете го карамел филот - од млекото тргнете 100 гр и измешајте го со густинот, остатокот ставете го на оган заедно со карамелите додека карамелите не се истпопат и млекото не зоврие, потоа додадете го густинот и мешајте додека не добиете пудинг смеса (во оригиналниот рецепт беа 2 пудинзи од карамел, но мене повеќе ми се допадна оваа моја варијанта),оставете го да се излади покриен со најлонска фолија - за да не ви фати коричка. Во меѓувреме подгответе ги подлогата и слојот од кикири за тортата. А откако карамел филот ќе се излади со миксер соединете го со претходно изматениот омекнат маргарин.
2. Додека се лади кремот подгответе ја подлогата - растопете го чоколадото и додадете го во мелените бисквити како и половина од млекото, месете со рака и постепено додавајте ја и останатата половина од млекото додека не добиете компактна смеса која што не се рони, ама гледајте и да не е многу мека.
Таа смеса нанесете ја во калапот во кој ќе ја правите тортата и убаво израмнете ја.
3. За слојот од кикири 50 гр измелете ги покрупно останатите 250 ситно мелете ги. Во сад на оган шеќерот растопете го заедно со млекото, додадете го и маргаринот и кога и маргаринот убаво ќе се растопи додадете ги кикирите, промешајте и веднаш нанесете преку подлогата. Израмнете и ставете најлонска фолија за да не фати кора додека се лади, ставете во фрижидер да се стегни и излади.
4. Кога ќе се излади нанесете го филот од карамели и вратете повторно во фрижидер за да се стегни 2/3саати (јас ја правев вечерта и другиот ден ја ставив глазурата)
5. Во сад на оган ставете ја течната слатка павлака и мешајте додека не зоврие. Тргнете ја од оган и во неа додадете го растопеното чоколадо и 1 лажица мед, убаво промешајте и нанесете преку филот, оставете да се излади во фрижидер и послужете
Од оваа количина на состојки добивате малечко тортиче, во зависнот од парчињата - јас добив 18 коцки,го правев во правоаголен калап 25*15
Кикириките може и целосно ситно да ги сомелите доколку ви сметаат покрупните парчиња =)
Сака малку повеќе време за припрема заради ладењето ама секој залак се исплати =)