Месен куглоф
Состојки
- Прв дел
- 700 гр мелено месо
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 1 лажичка бибер
- 1 лажица рамна мешан сув зачин
- 1 лажичкаб буковец
- 4 лажици лебни трошки
- сол по потреба и вкус
- Втор дел
- 500 гр пилешки гради
- 1 јајце
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка буковец
- 2 лажици лебни трошки
- 100 гр варен морков
- 100 гр чајна кобасица
- 1 мала конзерва грашок
- 100 гр кашкавал за посип
Подготовка
Одличен месен куглоф, се спрема брзо, особено вкусен и кој редовно го правам како замена за салами.
За првиот дел кромидот го рендаме на ситната страна од рендето и сите состојки потоа ги промешуваме убаво да се изедначи смесата.
За вториот дел јас користев пилешки гради кои ги сомлев на сечко. Сите состојки за вкус ги промешав во меленото пилешко, а потоа му ги додадов грашокот, чајната и варените моркови сечкани на коцки.
Куглофот го намрсуваме со масло, па во него редиме, на дното прво половина од меленото месо, па целото пилешко месо и накрај вториот дел од меленото месо. Се пече на 200 степени 20 минути, па на 180 степени уште 45-50 минути. Кога ќе се испече ја истураме прво течноста што ја пуштило месото (мрснотијата), го оставаме некоја минута да се излади, па го превртуваме во тањир. Додека е топол врз него рендаме кашкавал.