Испечати

Полнето пилешко

Полнето пилешко

Состојки

  • 1 пилешки стек
  • 1 парче сирење
  • 1 парче печеница
  • 1 парче кашкавал
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици презла

Подготовка

Пилешкиот стек го расекуваме на средина. Го посолуваме малку, додаваме мелен црн бибер и зачин.
Врз парчето стек ставаме прво кашкавалот.
Парчето сирење го мотаме во парчето печеница и го ставаме врз кашкавалот.
Поклопуваме со другата страна од стекот и по крајот го факаме со чачкалици.

Прво го валкаме стекот во брашно, па во јајце и на крај во презла.
Го ставаме да се пржи на загреано масло околу 15 минути колку да зарумени.
Во тава ставаме малку масло и го ставаме стекот во рерна да се пече околу 15-20 минути(на послабо)
Доколку парчето е поголемо можете да го сечете и како ролат.
Како прилог направив пире со зелка.Малку ми беше и мене чудно, го гледав на 24 китчен па сакав да пробам.
Значи пирето се прави како и секогаш што си го правиме, а исецкана зелка малку ја обаруваме и ја додаваме во пирето.Јас пробав и со свежа зелка и така беше убаво.