Испечати

Безе-коцки со Капини

Безе-коцки со Капини

Состојки

  • За безе-кора
  • 5 белки
  • 250 гр шеќер
  • 2 лажици лимонов сок
  • За фил
  • 5 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга од шумско овошје
  • 800 мл млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 150 гр бело чоколадо
  • 150 гр маргарин
  • 2 шлаг пени
  • малку сируп од капини (за декорација)

Подготовка

Подготовкана безе-кората
1. Белките се матат со шеќерот пенасто и при крајот се додава сокот од лимон и се мати уште малку. Се пече на 180 С околу 10 мин. па се намалува температурата на 150 С и се пече уште 30 мин., па на 100 С уште околу 15 мин.

Подготовка на филот
1. Жолчките со шеќерот се матат и се варат на пареа додека филот не се згусне.
2. Млекото и пудингот се варат во густ крем.
3. Откако ќе се тргне од огинот се додава чоколадото и сварените жолчки и се мати да се соедини со пудингот
4. Откако ќе излади пудингот се додава претходно изматениот маргарин
5. Се додаваат капини (исцедени од компотот) во филот и полека се промешува за да не се изгмечат капините во филот (претходно од нив оставив неколку капини настрана за декорација)

6. Шлаг пените се матат со млеко според упатството на кесичките
- Безе кората се филува со филот од капини и озгора се декорира со шлаг пена и капини и се попрскува со сируп од капини (јас сама го подготвив од компотот од капини-течноста на која и додадов шеќер и го варев додека се згусти)