Печена пилешка векна со печурки
Состојки
- 500гр бело пилешко месо
- 250 гр сецкани шампињони
- 2 јајца
- 2 варени и рендани моркови
- 200гр кисела павлака
- 2 лажици презла
Подготовка
Пилешкото месо предходно се вари, па се мелe во машина за месо,но може и неварено да се мели во машина за месо,ефектот е ист,како сакате.Се ставаат сите состојки освен шампињоните.Се меша убаво.Во намрсен калап се става половина од смесата, се редат шампињоните, па се додава втората половина. Калапот се става во поголем плех во кој има вода и се покрива со алуминиумска фолија. Се печи во загреана рерна на 170 степени 1,5 час ако не е предходно варено месото, а ако е варено помалку (околу 50 тина минути, ќе проверите ако е цврста смесата значи готово е.