Банички со праз и урда
Состојки
- 1/2 кг готови кори
- Премаз за корите
- 20 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 100 мл млака вода
- 250 мл газирана вода
- 50 мл масло
- 1 лажичка сол
- 5-7 лажици бра
- Фил
- 5 страка праз
- 1/2 урда
Подготовка
Многу вкусни, лесни и брзи банички, кај нас ги снема за минута, со јогурт како си се најадовме убаво...ммм
Празот исчистете го, исецкајте го и запржете го.
Оставете го да се излади па измешајте го со урдата.
Во млаката вода додадете го квасецот, една лажичка шеќер и една лажичка брашно и оставете го 10 мин да се активира.
Во посебен сад ставете ја газираната вода, маслото и солта, па додадете го и активираниот квасец. Постепено додавајте го брашното со постојано мешање за да нема грутки.
Земете една кора и премачкајте ја со премазот, врз неа ставете ја втората кора и неа премачкајте ја со премазот па ставете ја третата кора која не се премачкува туку на неа се нанесува филот и се мота ролат.
И со останатите кори се прави исто, се редат во подмачкан плех, се засечуваат и се попрскуваат со газирана вода и масло и се оставаат околу 15 минути да одморат пред печење. Се печат во загреана рерна на 220 С, 25 минути.
Откако ќе се испечат попрскајте ги малку со вода и покријте ги со крпа.