Испечати

Ролати од бело пилешко месо

Ролати од бело пилешко месо

Состојки

  • 2 парчиња бело месо (600гр)
  • сол, бибер, зачин, кари, масло, сенф
  • за полнење
  • 40гр грашок
  • 40гр кашкавал
  • 40гр обарен морков
  • 40гр кисели краставички
  • 200мл вода

Подготовка

Едноставен, брз, декоративен ручек.
Најпрво пилешкото месо се сече на половина и се чука со чук за месо.
Се зачинува по вкус.
Нека одстои така 15-30 минути додека се спрема полнењето
Сега на мали коцки се сецка смесата за полнење.
Се нанесува врз исчуканото парче месо и убаво се завиткува во ролат.
се стега во фолија или во готварски конец.
Јас и со второто парче стек постапив исто, само што додадов и 1 виршла.
Беше и тоа декоративно.
Се ставаат во сад за печење се налива водата и се печат околу 45-50 минути.
Се оставаат убаво да се изладат па внимателно се одстрануваат фолијата или конецот и се сече на парчиња.
Се декорираат со помфрит и сезонска салата.