Сникерс фантазија
Состојки
- 2 јајца
- 200 гр шеќер во прав
- 250 гр маргарин
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр толчени кикиритки
- За филување
- 200 мл мед
- 100 гр толчени кикиритки
- 100 гр чоколадо
Подготовка
1. Се матат јајцата со шеќерот и во нив се додава маргаринот
2. Откако ќе се изматат убаво, се додаваат мелените бисквити и кикиритките (мелени и толчени) и се добро се измесува
3.Во малку намрсено тавче се става смесата, се истапкува и израмнува тортата
4. Озгора се филува со мед, се посипува со толчени кикиритки и се прелива со растопено чоколадо