Испечати

Ароматни багети - Garlic Bread

Ароматни багети - Garlic Bread

Состојки

  • За тестото
  • 400 гр. брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 7 гр. сув квасец или 20 гр. свеж
  • 260 мл. млеко
  • 50 гр. маргарин
  • За полнењето
  • 80 гр. маргарин
  • 7-8 чешниња лук
  • 2-3 лажици сецкан магданос
  • на вкус сол
  • за премачкување
  • 1 јајце
  • малку едра сол

Подготовка

Не останав рамнодушна кон овие багети по рецептот на Елза Стојанова, јас направив мали измени и овде ја представувам мојата изведба.
Подготовка
-Најпрвин спремете го полнежот. Со вилушка изработете го маргаринот, додадете му сол и низ преса стиснатиот лук. Измешајте.
- Маргаринот кој е потребен за во тестото растопете го.
- Измешајте ги брашното, солта, шеќерот и сувиот квасец (ако користите свеж тогаш одземете од вкупната количина на млакото млеко и во него растворете го). Додадете го млекото и месете да добиете средно меко тесто притоа цело време додавајки по малку од растопениот маргарин. Оставете да стаса.
- Откако стасало тестото поделете го на неколку делови, размесувајки ги оформете топчиња, оставете да стасаат повторно.
- Стасаните топчиња со рака или сукало растегнете ги, намотајте ги во форма на ролат, со нож засечете ги и направете на неколку места “џепови“ ставете во нив од спреманиот намаз, наредете ги во плекче, премачкајте со јајцето, посипете одозгора и малку едра сол, ставете веднаш во рерната и сега вклучете ја рерната на 180 степени, оставете да се печат. Кога се печени сами ќе ги препознаете.

Напомена
Потребните состјки се напишани според рецептот. Јас наместо маргарин за во тестото користев растопена маст која го даде резултатот на супер меки багети и кои ја задржа својата свежина и наредниот ден. Наместо маргарин за полнежот користев путер, а наместо магданос (бидејки во моментот го немав) користев оригано. Целиот овој спој исто така е добар, само се покајав зошто не направив уште една измена, односно следниот пат сигурно ке ја премачкам добиената кора со полнежот, ќе замотам во форма на ролат и повторно ќе направам “џепови“ и ќе ги полнам. Така ќе ми беа уште по ароматни со повеќе полнеж. Навистина се голема вкусотија овие багети. Бидејки не ми беа доволно соленки, ги посипав со малку една сол.
Јас тестото го поделив на 5 дела. Ако ви е потребно повеке на број багети... тогаш дупла доза.... :)
- На кој не му се меси тогаш може готов багет или леб да го расече, да премачка со веке спреманиот полнеж - завиткани во фолија нека се потпечат и готово - тоа пак најлесно е.
Уживајте!