Карамелизиран колач со јаболка и суви смокви
Состојки
- 300 гр шеќер за карамелот
- 4-5 средни јаболка
- 150 гр суви смокви
- 1 кесичка цимет
- 1/4 од лајчето мелено каранфилче
- 100 гр исцеден сок од портокал
- 3 јајца
- 5 лажици брашно
- 250 гр лиснато тесто
Подготовка
Многу вкусен колач,лесен за подготовка,а уште полесен за дегустација...Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне
1. Јаболката ги лупиме и чистиме од семки,потоа ги сечеме на 8 до 10 кришки и сувите смокви исто ги сецкаме на 2-3 дела
2. Го топиме шеќерот на средна температура на оган додека не се карамелизира,но внимавајте да не ви изгори и потоа го истураме во огноотпорен сад во кој што ќе го печиме колачот
3. Врз карамелот ги редиме кришките јаболка и измеѓу секоја кришка ставаме по две три сецкани смокви- значи јаболко- смоква- јаболко и ги наросуваме со циметот и каранфилчето
4. Ги матиме јајцата, го додаваме брашното и сокот од портокал, промешуваме и оваа смеса ја нанесуваме врз овошјето
5. Потоа го рассукуваме лиснатото тесто во големина на огноотпорниот сад и го ставаме врз овошјето со виљушка го прободуваме на повеќе места и краевите од тестото убаво ги вовлекуваме во садот
6. Печеме во загреана рерна 25-30 минути на 200 степени и го вадиме колачот и веднаш го превртуваме на чинија за сервирање - при што јаболката ќе бидат од горната страна
7. Оставате да се подизлади и декорирате со шлаг крем-по желба
Јас никогаш не можам да дочекам да се излади и додека да го шлагирам веќе половината го снемал хехехе