Смуди од банана и боровинки
Состојки
- 1 л јогурт
- 1 банана
- 200 гр боровинки
- 1/2 сок од портокал
- 100 гр шеќер
Подготовка
1. Овошјето заедно со шеќерот и сокот од портокал се блендира (јас овојпат користев замрзнати боровинки)
2. Се додава јогуртот и повторно кратко се блендира
3. Се остава во фрижидерот да се олади, па се служи во чаши...Пријатен енергетски напиток или појадок (како што правам јас)