Тава грав со колбаси
Состојки
- 800 гр. грав
- 1 главица кромид
- 500 гр. колбаси(може и со праз)
- 1-2 лаж. црвена пипер
- малку масло
Подготовка
Гравот се става да се вари 5-10 мин и потоа ја истураме водата и налеваме топла вода и се додава 1 главица кромид,масло и се остава гравот да се вари додека да омекни.Во тава на оган се пржат колбасите.Откако гравот ќе се свари го претураме во огноотпорна тава за печење колбасите ги редиме врз гравот и одозгора наросуваме со нане и буковска пипер.Тавата со грав ја печиме во рерна на 200 степени околу 30 мин.
Иако не сум љубител на грав тавата испадна одлично како за прв пат а исто така и многу вкусна.Одлично ми одеше и со салата.