Испечати

Лепчиња за хот дог

Лепчиња за хот дог

Состојки

  • 320 гр. пченично брашно
  • 160 гр. интегрално пченично брашно( грахам)
  • 250-300 мл млеко
  • 25 мл зејтин
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 лаж. сол
  • 1 лаж. шеќер

Подготовка

Овие лепчиња ги подготвувам на синчето затоа што многу сака да јаде хот дог и оваа варијанта ни е најдобра за подготовка на хот дог во домашни услови.
Всушност највеќе мерак му прави сенфот, и затоа и го засака овој сендвич.
Во длабок сад се мешаат двата вида на брашно, во нив се додава солата, шеќерот зејтинот, квасецот и стопленото млеко. Се замесува тесто.
Тестото се остава околу 20 минути па се вади на работната површина па се меси околу 5-6 минути. Се става назад во садот и се остава на топло да нарасне.
Потоа тестото се дели на 8 парчиња секое се расукув и се витка како кифла.
Има слика во прилог.
Се ставаат лепчињата во подмачкано тавче и се оставаат да нараснат повторно и тогаш се печат.
Се печат на 200 степени додека да заруменат.