Баклава со ореви,фстаци и сируп од ванила и ружина вода

Состојки
- 1 кори за пита
- 200 гр фстаци
- 200 гр ореви
- 100 гр путер
- 2 лажици масло
- Шербет
- 500 гр шеќер
- 3 1/2 чаши вода
- пола лимон (сок)
- 1 лажица ванила
- 1 чаша за ракија ружина вода (Розова вода)
Подготовка
Растопете го путерот со маслото на тивка температура.
 Оревите и фстаците сомелете ги заедно.
 Попрскајте една тепсија со масло и ставете еден лист од корите. Кората испрскајте ја со малку путер..
 На вториот лист ставете ја смесата од ореви и така до крај. Еден лист со путер еден со смесата од ореви и фстаци.
 Се пече на 350Ф-180Ц .
 Додека баклавата се пече, направате го сирупот.
 Во сад ставете ги шеќерот и водата да зовриат 20 минути.Пред крајот исцедете пола лимон ,една ванила и Ружината вода. Оставете го да се олади.
 Баклавата топла се полива со ладниот сируп.