Моја Страчатела торта
Состојки
- за тесто
- 6 белки
- 200 гр. шеќер во прав
- 3 лажици брашно
- 200 гр. сецкани ореви
- прстофат пециво
- за фил
- 0.5 литри слатка павлака
- 6 жолчки
- 100 гр. шеќер во прав
- 200 гр. чоколадо (рендано на крупната страна на рендето)
- 50 гр. рендано чоколадо за одозгора
Подготовка
Тортава ја подготвив пред роденденот на мојата постара ќерка, пред онаа главната и секогаш успешно ми излегува.
Подготовката е „едноставна“, што за мене мора да е вообичаено така.
1. Добро се матат 6-те белки (стоени на собна температура) заедно со шеќерот, се додаваат оревите, брашното и прстофатот пециво и се мешаат со дрвена лажица.
2. Се печи во правоаголен плех (37х22 см) во хартија за печење на 185 степени околу 25-30 минути. Се лади добро.
3. Се бијат убаво 6-те жолчки со 100 гр. шеќер во прав во еден сад.
Се бие павлаката (од фрижидер) во друг сад, и се соединува со избиените жолки.
Се додава ренданото чоколадо и добро се изедначува.
4. Се премачкува изладеното тесто со филот и се наросува со ренданато чоколадо. Се става да се лади. И толку!
Не се грижете што жолчките во филот се живи, тоа воопшто не е проблем и не се расипува тортата (јас претежно ја правам во зима, најмногу ми иде така).
Може да се направи двојна доза и така ќе си добиете доста висока, кремаста и вкусна орево-чоколадна торта. И плус е лесна за јадење!
Пријатно!