Гибаница
Состојки
- 500 гр кори или 1 паковање
- 150 мл масло
- состојки за полевање на гибаницата
- 6 јајца
- 1 лажиче сол
- 300 мл минерална вода
- 300 мл млеко
- состојки за фил
- 500 гр рендано сирење (или изварка ако немате сирење при рака)
- 150 гр сецкана пршута (по желба)
- 150 гр сецкана шунка(по желба)
Подготовка
Ајде да се гибамеее хехехехе
Гибаница си е гибаница - брзо,лесно, едноставно и за ала минут превкусно јадење.Искрено имам испробано повеќе рецепти за гибаница, но оваа ми е мојата омилена - на мој начин направена хехехе
1.Плехот го премачкуваме со маргарин и потоа врз него ставаме една кора па малку рендано сирење,пршута,шунка и потоа ја ставаме втората кора - така правиме до крај додека не се истрошат сите кори-врз последната кора не ставаме од зајрето
2.Потоа ја сечеме на коцки и го зовриваме маслото, ја поливаме гибаницата со зовриено масло меѓу пресеците (така ќе се раздвојат малку корите и коцките)
3.Јајцата ги матиме и им ги додаваме млекото и газираната вода, солта ,мешаме уште малку и со таа смеса ја поливаме гибаницата
4.Оставаме да отстои дестина минути да впие и таман додека да се загрее рерната,посипуваме со мнооогу сусам (јас заборавив последно кога ја правев за на фотката и баш ми беше криво)
5.Печеме на 200 степени и потоа намалуваме на 180 додека убаво не се испече и не порумени од долу и од горе
За филот можете да користите што ви душа сака- спанаќ,мелено месо...
Јас претежно ја правам само со сирење така ми е највкусна и баш класична гибаница
И ја правам во оригиналниот плех од рерната,бидејќи убаво си збуфнува, ако ја правите во помало ќе биде повисока