Испечати

Бушав чоколаден тарт

Бушав чоколаден тарт

Состојки

  • тесто
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка пециво
  • 150гр. путер
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 300гр. брашно
  • прстофат сол
  • Чоколаден фил
  • 500мл. млеко
  • 2 пудинга од чоколада
  • 10 лажици шеќер
  • 100р. чоколада за готвење
  • 80гр. путер
  • малку шеќер во прав,ореви или лешници

Подготовка

Еве и од мене убав предлог на ронливо тесто кое се топи во уста во комбинација со чоколада...милина.
Подготовка.
Започнуваме со подготовка на тестото, во сад за месење ги матиме путерот, шеќерот, солта и јајцето.Во нив ги додаваме прашок за пециво,ванилата и полека додавајќи брашно замесуваме тесто. Тестото го ставаме во фрижидер додека го подготвуваме филот.
Фил од чоколада.
Во мало количество на млеко ги разматуваме двата пудинга заедно со шеќерот. Останатото млеко го загреваме и подготвуваме пудинг. Мешајте да не загори. Во жешкиот пудинг ја додаваме чоколадата и путерот и со миксер ги матиме додека не добиеме убав фил.
Филот покријте го со стреч фолија додека го фирмирате тестото да не ви фати кора.
Од тестото развлекуваме тенок круг со големина на тавчето за тарт кои се префрла во тавчето. Филот го сипуваме врз тестото израмнуваме и со ренде го рендаме остатокот од тесто.
Тартот го печеме половина час на 200степени.
Изладете и сечете убави прецизни парчиња.
Забелешка.
Путерот извадете го неколку часа да биде на собна температура пред да почнете го месите.
Тартот наросете го со шеќер во прав, мелени ореви или лешници.
Добар апетит!!!