Испечати

Посни пекарски кифли со ленено семе и сончоглед

Посни пекарски кифли со ленено семе и сончоглед

Состојки

  • за растворање на квасецот
  • 500 гр топла вода
  • 1 квасец
  • 3 лајци шеќер
  • 3 лајчиња сол
  • 6 лајци брашно
  • останати состојки
  • 100 гр ленено семе
  • 100 гр лупен сончоглед
  • 3 мали филџани за кафе масло - окулу 150 гр
  • окулу 1 кг +/- 100гр брашно по потреба (зависи од брашното)

Подготовка

Стандардниве мрсни пекарски кифли се ептен лесни за работа, значи нема шанса и почетник во месење да ги згреши...толку се меки и вкусни -душа се
Пред се омилени се на мажот ми и само такви јади,а мене искрено ми се преку глава дојдени хехехе и затоа вака од време на време си додавам и разноразни семиња и си ги правам по овој рецепт во оваа посна варијанта чисто колку да сменам на вкус

Е сега кој како си работи но мене вака ми е најлесно и никогаш не ми се случило да ги згрешам со оваа постапка

1.Во садот за месење се ставаат изронатиот квасец,шеќерот,солта и 6-те лажици брашно им се дотура топлата вода,промешуваме со лажица и оставаме 10-тина мин де си надојди квасецот.

2.Потоа во таа смеса ги додаваме лененото семе и сончогледот и три филџани масло и постепено го додаваме брашното и замесуваме средно тесто (затоа велам брашно по потреба бидејќи некое брашно е помеко,друго потврдо)

3.Од тестото формираме кифли на намрсена површина (овој пат се одлучив за цветови - види слика) или можеме да скинеме едно топче да го исучиме,да го наполниме и да го роловаме

4.Ги редиме во подмачкан и побрашнет плех или мојата полесна варијанта на хартија за печење ги оставаме да стасаат подолго време - треба да збуфнат убаво и потоа ги премачкуваме со истопен маргарин помешан со сенф (сенфот е по желба) им наросуваме сусам и ги печеме на 180 степени додека не поруменат од долната и горната страна.

Иако има многуууу рецепти за пекарски кифли една плус минус не е на одмет... но најважното е да се запази постапката на месење,баре според мене - да не се правам тука стручњак за нешто за што не сум, ова го кажувам од мое искуство за овие кифли хехехе
Јас одбрав ленено семе и сончоглед - тоа ми се најде по дома инаку ги правам и со разни други мешавини - во секој случај се вкусни