Испечати

Торта од кисела зелка

Торта од кисела зелка

Состојки

  • 1 помала кисела зелка
  • 1 филџанче ориз (170 гр)
  • 1 мало парче праз
  • 2 кромид
  • 2 филџанчиња вода
  • 150 мл масло

Подготовка

Ситно се сецка кромидот и празот и се пржат на масло.
Откако ќе се испржат се додава оризот и зачините.
Зелката ја длабиме во средината како на сликите и ги вадиме ливчињата од внатрешноста.
Ја полниме со зајрето кое го направивме претходно.
Значи може да биде и мрсно со мелено месо.
Ја полниме зелката и ја затвараме со неколку листа.
Сето ова го работиме во сад приближно еднаков со ширината на зелката.
Покриваме со друг сад па полека ја префрламе зелката со полнежот да дојде на дното. Ставаме 2 филџани вода и затвараме со фолија.
Оставаме да се динста на тивко.Се вари подолго време за да може убаво оризот да се свари секаде.
Пред крајот се вади фолијата да се позарумени зелката.
Кога сакаме да ја вадиме повторно се покрива со чинија сега и се префла полека зелката.
Се остава да истине малку да се сврзи убаво оризот ,па се сече како торта.
Ова ви е еден вид на посна сарма.

Забелешка
Не знам дали да го ставам како декорација или рецепт, нека одлучи уредништвото. Пробајте,но претходно да ви кажам дека имав доста неуспешни обиди, ми се распаѓаше зелката. Треба премногу внимателно да се префрла зелката.
Јас мерев со филџан од кафе во грамажа излегува 170 гр.Но ова го ставив како идеја повеќе,а за грамажата и мерките ставете си вие како сакате според вашата желба.