Фурнаринки со палента

Состојки
- 260гр брашно
 - 60 гр палента
 - 80мл масло
 - 160мл вода млака
 - 1 лажица сусам
 - 1 лажиче црвен пипер
 - 1 јајце
 - 1/2 лажиче шеќер
 - 1 лажиче мало сол
 - 1/2 паковка (5гр) сув квасец
 - За премаз
 - 1 лажица масло
 - 2 лажици вода
 
Подготовка
Од сите состојки се замесува тесто.
 Јас промешав со лажица.
Се остава да нарасне 30мин.
 Се разделува на 3 дела и на набрашната маса се расукува не многу дебела кора.
 Се сече на ленти и се редат на намастен плех.
 Се премачкуваат лентите со вода и масло, па се попрскуваат со сусам и црвен пипер по вкус.
 На здравје