Испечати

Солени погачести топчиња со кисело млеко

Солени погачести топчиња со кисело млеко

Состојки

  • 600 гр. брашно
  • 400 мл. кисело млеко
  • 1 пресен квасец (40 грама)
  • 100 мл. масло
  • 2 јајца
  • 1 голема лажица сол
  • 1 јајце за премачкување одозгора
  • 20 гр. сусам
  • 100-200 гр. бело сирење

Подготовка

Брзи и лесни за подготовка, меки а и вкусни. Впрочем моја практика „претежно“.

1. Сите состојки се замесуваат (квасецот не се кисни туку се става издробен),
се меси со рака и се додава брашно по потреба, токму да се добие меко тесто
што не лепи.
2. Со дебело сукало се развлекува кора дебела околу 1 см. и со чаша за вино
се вадат кругови од тестото (јас така ги вадев за да бидат приближно сите со иста големина).
3. Секое кругче малку се развлекува со прсти, насредина се става малку сирење, се затвора и се формира топче.
4. Така се изработува сето тесто и топчињата се редат во намастена тава.
Јас печев во караванче бр.36, добив 55 топчиња, значи зависно дали се прави цела или половина доза, и зависно од големината на топчињата.
5. Се става на топло да кисни 30-45 минути од око и пред печење се мачка со
1 јајце и се посолува со сусам. Се печи на 200 степени околу 30 минути.
Толку е, на здравје!