Фетучини во пилешки сос со магдонос
Состојки
- 1 пакување фетучини
- за сос..
- 400гр. пилешки стек
- 300гр. шампињони
- 1 глава кромид
- 2-3 парченца лук
- 2 лажици балсамико оцет
- 1 лажица сенф
- 2 лажици кисела павлака
Подготовка
Тестенините се редовно кај нас на мени овајпат јас ќе оставам запис како ги подготвувам во комбинација со пилешко и печурки,брзо се припремаат и вкусни се. Настрана во голем сад со зовриена вода се ставаат тесетнините да се сварат,секогаш додавам малку сол во таа вода,сварени се тушираат со ладна вода и се оставаат да се исцедат. Пилешкото се сечи на парчиња,кромидот се сечка. На страна во сад врз врело масло,се става кромидот стаклесто да се пропржи,се додава балсамик оцетот,после пилешкото,печурките,се пржат заедно,се налева мало филџанче вода и крчка под капак,додавајте зачин по вкус црн пипер,едно 15 мин. се доволни да испари течноста,после се става сенф и киселата пшавлака сосема за крај...само учте 5 минути и сосот е готов.Предлогот е одличен за кога ви се брза или немате доволно време за подготовка на покомплицирани рецепти.Врз секоја порција тестенини ставете од сосот,за крај по вкус сечкан магдонос.