Испечати

Кифли со афионско семе

Кифли со афионско семе

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 2 лаж. шеќер
  • 1 коцка квасец
  • 1/2 лаж. сол
  • 100 мл зејтин
  • 150 гр. афионско семе

Подготовка

Во длабок сад се ставаат брашното, солта, шеќерот и афионското семе се промешуваат, во нив се додава зејтинот и млекото коешто претходно е малку стоплено се додава и квасецот и се замесува меко тесто.
Може тестото малку да се лепи на рацете, ама не додавајте дополнително брашно.
Вака подготвено се става на топло да нарасне.
Потоа тестото може да го поделите на три дела и да се расука кора на подлога на која што е ставено масло. И се сечат триаголници и се виткаат во кифлички.
Вака сите подготвени повторно се оставаат во намрснето тавче и да нараснат и потоа се печат на 200 степени додека убаво да заруменат.
Кифлите се многу вкусни и многу меки, за љубителите на афионско семе се одличен избор.