Испечати

Кекс во куглоф

Кекс во куглоф

Состојки

  • 6 јајца
  • 1 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 чаша масло
  • 1 1/2 чаша брашно
  • 1 пециво
  • 1-2 ванили
  • ситно рендана кора од 1 портокал
  • 1 лажица просеано какао
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Се двојат белките од жолчките.
Белките се матат со прстофат сол, па им се додава шеќерот и ванилите, се матат во цврст шам.
Жолчките се матат убаво, па им се додава маслото. Убаво се изедначува. Се додаваат во белките. Се соединува додека се добие еднолична смеса.
На крај се додава просеаното и помешаното брашно со пецивото и кората од портокал.
Мал дел од смесата се остава во која се додава какаото и со неа се шари кексот.
Се излева во намрсен со масло и побрашнет калап за куглоф.
Се печи во загреана рерна околу 45 мин. на 180 степени или зависно од вашата рерна.
По желба можи да се додади и суво грозје, оревчиња ....
Ладен се наросува со шеќер во прав.