Јагодини бомбици
Состојки
- 1 пуинг о јагоди
- 350 мл млеко
- 5 лажици шеќер
- 100 гр маргарин
- 300 гр фронди со вкус на јагода
- 350-400 гр мелени бисквити
- по потреба кокос (за валкање на бомбиците)
Подготовка
1.Пудингот се вари со млекото и шеќерот
2. Откако ќе излади му се додава претходно изматениот маргарин
3. Во него се додаваат издробените фронди и бисквитите
4. Сето ова се замесува и се формираат бомбици
5. Се валкаат во кокос бомбиците и се редат во хартиени корпици