Руски капи
Состојки
- Тесто
- 8 жолчки
- 300 гр шеќер
- 8 лажици топла вода
- 2 лажици какао
- 250 гр брашно
- 1 пециво
- 8 белки
- фил
- 400 гр млеко
- 5 лажици брашно
- 150 гр шеќер
- 125 гр маргарин
- 1 ванила
- 100 гр кокос
- глазура
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка
Јас сум презадоволна како излегоа овие руски капи бидејки нема никаква грешка зошто мојата Еми сама ги правеше.А од остатокот на тестото направивме бомбици.
БИСКВИТ
Оваа количина е за во голема тепсија 30Х40.
Се миксираат жолчките и шеќерот се додека не се растопи шеќерот. Потоа се додава жешката вода и брашното измешано со какао и пециво. Тоа се меша полека со дрвена лажица. Настрана се матат белките во цврст снег. Потоа се додаваат во жолчките и заедно се мешаат. Се става во подмачкан плех со хартија на 180С-35мин. Се оладува тестото и се сечи со чаша.
Настрана се вари млекото со брашното и шеќерот како пудинг. Се оладува и се меша со изматен маргарин и ванила. Се филуваат две по две и отстрана се мачка со фил и увалкуваат во кокос. Одозгора се става глазура. На здравје