Испечати

Бомбици од суви смокви

Бомбици од суви смокви

Состојки

  • 500 гр суви смокви
  • 1-2 портокали
  • 300гр шеќер
  • 150гр ореви
  • 1 ванилин шеќер
  • по потреба мелени бискоти

Подготовка

Сувите смокви, портокалите и оревите ги мелиме.
Го додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер и правиме смеса. Ако смесата е потечна може да се додадат и мелени бискоти за да се згусне.
Правиме бомбици и ги валкаме или во кокос или мелени ореви или мелени бискоти. Убави се со секој избор.