Обланда со алва
Состојки
- 150гр алва (црна)
- 50гр чоколадо за готвење
- 100мл млеко
- 1/2 маргарин
- 2-3 лажици шеќер во прав
- 4-5 мелени бискоти и кокос по желба
Подготовка
Обландата се топи (може и со густи сок) и се мота во крпа.
Целата смеса се меша заедно и става на оган да се растопи алвата и маргаринот.
Ако треба да е погуста смесата се додава мелени бискоти.
Ја одмотуваме обландата и ја премачкуваме со смесата. Мотаме и оставаме да се стврдне.