Густ сок од јаболко и морков
Состојки
- 2 кг јаболка
- 1кг морков
- 4 литра вода
- 600 гр шеќер
- 2 лимонтуса
- екстрат од кајсија ( а и не мора)
Подготовка
Најпрво се сечкаат морковите и се варат додека не омекнат. Потоа се додаваат сечканите јаболка и се варат заедно со морковите. Кога кќе омекнат се блендираат, се враќаат во тенџерето и се доваруваат заедно се шекерот уште 10мин. Се трга од рингла и се додава лимонтусот и екстрат по ваша желба. Ако сакате сокот да ви биде за растворање се додава помалку вода и малку повеќе шеќер. Овој сок така директно се пие без растворање. На здравје!