Испечати

Чоколадни кокос коцки

Чоколадни кокос коцки

Состојки

  • 250гр. маргарин
  • 250гр. путер
  • 300гр. кафеав шеќер
  • 4 цели јајца
  • 2 лажици рум
  • 2 лажици чоколадо во прав
  • 500гр. брашно
  • за преливање..
  • 400гр. шеќер во прав
  • 2 лажици чоколадо во прав
  • 80гр. маргарин
  • 6-7 лажици млеко
  • 50гр. кокос

Подготовка

Ќе започнам така што веднаш ќе кажам дека рецептот е од наша гостинка од Германија, изворно воопшто не знам од каде потекнува, но најбитно е дека со оглед на тоа што не сум голем љубител на слатко-благо ми се допадна,па по тој повод го поставувам тука,со надеж дека некој ќе го испроба.

Најпрво се бијат маргаринот и путерот во сад, настрана се бијат јајцата и од таа смеса постепено се додава во претходно биениот крем од маргарин и путер, следува шеќерот, останатите продукти,за на сам крај да се додава брашното,истовреме биејќи со миксерот. Доколку ви се гледа ,,тврда смеса,,  ќе ја префрлите смесата во садот за месење леб...доколку немате таков, тогаш поупорно со миксерот, подоцна самиот колач е доста мек зашто има и доста маргарин и путер, кои допринесуваат за тоа. Смесата се излева во стандарден плех над хартија и се печи на 180 околу 20 минути.

Додека се печи се припрема смесата за најгоре. 400гр. шеќер во прав се меша со чоколадото во прав и маргаринот кој треба да е на собна температура за убаво да се избијат со миксер, додавајќи млеко постепено во него. Над жежок кекс се става оваа смеса и веднаш се посипува со кокос. Кога се излади убаво дегустацијата може да почне.