Семифредо во обланда
Состојки
- 1 лист обланда
- За семифредо
- 2 јајца
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 ванила
- 200мл. слатка павлака
- Други состојки
- 6 урми
- 6 суви смокви
- 6 суви сливи
- 1 рака суво грозје
- 1 рака несолени индиски ореви
- 1 лажица мелени ореви
- 2-3 лажици агаве сируп
Подготовка
Како што вели Лудо, кога ке си смислам нешто и ќе го направам, па и кога ќе излезе супер вкусно, е многу ми е кејф хаха.
И во мојов случај смислив нешто набрзинка, ама од крајниот резултат сите задоволни.
Листот обланда ставете го во мокра крпа малку да подомекне.
Јајцата изматете ги убаво со шеќерот и ванилата, а потоа ставете ги на пареа.
Откако убаво ќе се згустат оставете да се олади.
Посебно изматете ја слатката павлака, па соединете ја со изматените јајца.
Урмите, смоквите и сливите исецкајте ги на не многу ситни парчиња.
Калапот за векна обложете го со парчиња обланда.
Ставете половина од изматената смеса.
Одозгора нанесте ги сецканите урми, смокви, суви сливи, мелените ореви, сувото грозје и индиските ореви.
Попрскајте ги одозгора со агаве сируп па нанесте ја останатата половина од изматената смеса.
Затворете со парче обланда.
Калапот завиткајте го со најлонска фолија и ставете го во замрзнувач да се стегне убаво.
Пред послужување јас одозгора го посипав со агаве сируп.