Испечати

Чоко-ванила бисквити

Чоко-ванила бисквити

Состојки

  • За ванила бисквитите
  • 50 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 3-4 лажици млеко
  • 70 гр брашно
  • 35 гр или 1 пудинг од ванила
  • на врв на лажичка пециво
  • За чоко бисквитите
  • 50 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 70 гр брашно
  • 35 гр или 1 пудинг од чоколадо
  • 3-4 лажици млеко
  • на врв на лажичка пециво
  • шарени и зелени трошки за декорација

Подготовка

И за двете врсти на бисквитиве постапката за подготовка е скоро идентична.
1. Омекнатиот путер се мати со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па се додаваат брашното и пудингот во прав и се мати со миксер додека да се добие трошкаста маса, а потоа се додава млекото и се замесува мазно тесто(со миксер).
2. Се полни шприцот, се става форма на продолжеток по желба и на хартија за печење или Делимано тава за печење (намрсена со 2-3 капки масло) се прават формите на колачињата. Ги украсуваме со шарени шеќерни трошки.
3. Рерната ја загреваме на 180 степени, а наредените колачиња ги ставаме на ладно, во фрижидер. Откако ќе се загрее рерната ги печеме околу 12-15 минути.

Забелешка
Најдобро е откако ќе се стават во тавче, да се остават на ладно 1/2 час, јас за тоа време ја подготвував чоколадната смеса, а тие беа во фрижидер.