Обланда со таан алва
Состојки
- 250 гр млеко
- 250 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 100 гр мелени ореви
- 500 гр таан алва
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици какао
- 200 гр бисквити мелени
- 1 обланда голема
Подготовка
1. Млекото, шеќерот и маргаринот се растопуваат на огин
2. Се додаваат чоколадото и таан алвата да се растопат и потоа се додаваат останатите состојки и се меша убаво се да се соедини.
3. Се премачкуваат 4-те листа од обландата и се редат една врз друга, а последната останува непремачкана и само врз неа се декорира со малку растопено чоколадо