Грахам интегрални очи
Состојки
- 350 мл топла вода
- 150 мл јогурт
- 100 мл масло
- 1 коцка квасец
- 1 јајце
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- околу 850 гр грахам интегрално брашно
- Фил
- околу 150на гр солена изварка
- околу 25 јајца од потполошка
Подготовка
Морав да го испробам ова брашно и со квасно тесто. Се решив за импровизација и испадна одлично.
Распенете го квасецот во топлата вода со шеќерот и лажичка брашно. Во сад за месење ставете за почеток 800 гр од брашното и во средината додадете ги сите состојки, од кои дел од маслото ќе оставите на крајот за домесување.
Измесете убаво. Ако има потреба додадете уште од брашното. Откако е добро измесено, на крај додадете го одделеното масло и премесете уште еднаш. Вака ќе добиете многу посјајно и поглатко тесто.
Оставете го тестото на топло отприлика 1 час да се дуплира.
Од тестото правете топчиња/бобици. Редете ги во плех обложен со пек хартија и на секоја бобица напреавете вдлабнатина со ракиено чаше. Во вдлабнатината ставете од изварката, убаво натисниете ја и врз неа скршете по едно потполошкино јајце, кое по желба можи да го посолите одозгора.
Печете во загреана рерна од 190С додека ја сменат бојата, т.е. малку поруменат.
Имаат солидна мекост, која можат да ја задржат и неколку дена. Чувајте ги на ладно и во добро затворена кеса. Пред да ги послужите следните дена можи да ги загреете малку во микробранова печка за да бидат како тогаш испечени.