Бели колачи
Состојки
- 50 мл вода
- 200 гр шеќер
- 150 гр млеко во прав
- 100 гр маргарин
- 50 гр мелени лешници
- 100 грама рендано бело чоколадо
Подготовка
1. Во сад на оган се става водата со шеќерот да зоврие.
2. Во друг сад го ставаме маргаринот, млекото во прав и чоколадото, матиме и постепено го додаваме шербетот, матиме додека да се добие хомогена смеса, на крајот ги додаваме лешниците, убаво мешаме.
3. Смесата ја ставаме во фрижидер 30 минути, потоа ги обликуваме колачите, правиме топчина и малку ги сплескуваме, да добиеме форма како полутопка.