Гувеч 2 во 1
Состојки
- За ѓувечот
- 700 гр. месо
- 1 поголема главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 поголем морков или 2 помали
- 5-6 компира
- околу 500 гр. зелка
- на вкус зачинки сув зеленчук, сол, бибер, ловор,
- 500 мл. пасирани домати
- за потребата зејтин и вода
- За тесто
- 400 гр. брашно
- 1 лажичка сол
- 250-300 мл. млеко
- 40 гр. свеж квасец или 14 гр. сув
- 2 лажички шекер
Подготовка
Токму така - 2 во 1, комплетен ручек, за кој што ручек ви е потребно тава со капак.
Најпрвин спремете ги сите состојки за гувечот така што ќе го насецкате месото кое може да биде телешко, свинско, говедско или пилешко - вие изберете со што ќе спремате, а може да биде и без месо. Насецкајте ја зелката, морковот, излупете и исечете го компирот, исчистете лукот и кормидот ... Нека е спремно.
Во касерола на зејтин ставете да го пропржите месото, кога ќе добие боја - додадете го насецканиот кромид, лук, морков, бибер и нека продолжи да се пржи. Додадете го компирот и зелката, нека продолжи кратко да се пржи, додадете го пасираниот домат и ловорот. Залијте со вода која да е малку над од целокупната содржина. Оставете на тивко нека крчка. Не смее да остане без течност.
Додека се крчка ручекот замесете тестото од наведените состојки најпрвин одмерете 400 гр. брашно. Замесете тесто кое не се лепи за рацете, а ако ви се причини дека е доста меко додадете малку брашно. Оставете го да стаса околу 30 мин.
- Тестото е веке стасано. Расукајте го во правоаголна форма која да е потесна, но подолга, премачкајте го со путер, маргарин или едноставно со зејтин и замојтајте во ролат. Исечете го ролатот на парчиња - околу 14-16 парчиња.
- Содржината од касеролата сега префрлете ја во тавата во која ќе се печи. Вода односно течност треба да биде малку испод нивото на содржината на состојките. Покријте со исечените парчиња од тесто, поклопете со капакот, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 мин. Капакот никако да не го отварате за да не ви спласне тестото кое фактички ќе се пече на пареа.
Јас ја печев во Делимано тавата со капак идеална е за овој тип на јадење.
Забелешка
Изворниот рецепт зборува друго.. дека се треба да се испржи, да се залие со пасираниот домат и вода со ниво од два прста испод состојките, да се поклопи со тестото и да се стави во рерна. Но јас заради секоја сигурност дека ќе биде сварено месото бидејки правев со телешко, го спремав вака како што опишав, значи полуподготвен гувечот само го префрлив во тавата, покрив со тестото, капакот врз него - во рерна. Одлучен ручек. Кога ќе правам со пилешко - ќе го правам по оригиналниот рецепт.
Бон Апетит!