Мед, коприва и бадем (за подобрување на крвна слика)
Состојки
- 200 гр мед
- 100 гр семе од коприва
- 200 гр бадем непечен
Подготовка
Сметав дека овој рецепт треба да го најде местото овде.
Проверив, но не наидов на сличен рецепт. Повеќе е лек, ама убаво е да се има во точни мерки. Семето од копривата и бадемите се мелат во блендер. Убаво иситнетата смеса се меша со медот. Се промешува убаво се додека не се добиегуста паста. Се конзумира наутро по една лажичка.
Убаво е да се зема заедно со витамин ц (сок од лимон). Знам дека е убаво да се конзумира со сусамов таан. Крвната слика со сигурност ќе биде подобрена.
За здравје