Слаткарско кремче
Состојки
- 1 литар вода
- 500 гр шеќер
- 1 маргарин
- 3 ванили
- 500мл млеко
- 350 гр брашно
Подготовка
Слаткарско кремче запишано во тефтерот на мајка ми.
Според кажувањата на мајка ми ова е слаткарски крем кој го подготвуваа во една слаткара која ми стои како бледо сеќавање од моето детство.
Еве како оваа сладурија да дојде до вашиот дом.
Во сад на оган се става водата и шеќерот да зовријат.
Се додава маргаринот и ванилите.
Во друг сад се мешаат брашното и млекото во густа смеса.
Пополека се додаваат во шербетот со постојано мешање.
Се меша додека се свари брашното и се згусне кремчето.
Се меша на тивок оган. Топло соберете го во чиничиња и оставете да излади.
Декорирајте по своја желба и служете.
Не знам за вас, но знам дека вашите деца ќе ви бидат благодарни за кремчево.
На здравје