Мермерен ролат
Состојки
- Тесто
- 600 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 1 свеж квасец
- 1 јајце
- 50 гр путер
- 350 мл млеко
- Фил
- 5 лажици чоколаден крем (од типот на нутела)
- 100 гр млечно чоколадо
- 5 лажици мармалад по вкус
Подготовка
Најпрво квасецот со 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно ставете ги во топлото млеко и оставете го десетина минути да се активира квасецот.
Потоа додајте ги и останатите состојки и замесете убаво меко тесто. Оставете го на топло да се дуплира.
Од тестото расучете правоаголна кора и премачкајте ја со филот (стопете ги чоколадото и кремот и малку оладете ги).
Здиплете ја кората најпрво 1/3 од лево на десно, па другата 1/3 од десно на лево. Потоа истото само од горе на долу, па од долу на горе (видете на сликите).
Сега добиеното тесто повторно внимателно исучете го во правоаголна кора со големина од плехот од шпоретот.
Исечете ја кората на ленти од 1,5 до 2 цм. Секоја лента исукајте ја, како кога ќе цедите алишта и ставајте ја во плехот кој сте го обложиле со хартија за печење. Потоа вклучете ја рерната да се загрева.
Печете во загреана рерна на 180 степени. Кога е готово извадете го и премачкајте го со мармалад и завиткајте го во ролат. Малку нека се излади и убаво завиткајте го во најлонска фолија, да се стегне.