Испечати

Пита со мајонез

Пита со мајонез

Состојки

  • 600 гр готови кори (18 парчиња)
  • 2 јајца
  • 3 големи лажици мајонез
  • 2 дл јогурт
  • 8 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • Фил
  • по вкус праз со изварка и јајца, мелено месо, спанаќ со изварка и јајца...

Подготовка

За овој рецепт потребни ви се 18 кори. Грамажата е индивидуална, зависи од дебелината на корите.
Направете го преливот со тоа што ќе ги промешате со маталка јајцата, трите големи лажици мајонез, јогуртот, солта, а потоа лажица по лажица додавајте од брашното во кое сте го ставиле и пецивото.
За секој ролат потребни ви се по три кори. На првата кора ставете 1 и 1/2 лажица од преливот, убаво премачкајте ја со четка, ставете ја другата кора и исто премачкајте ја. На третата кора ставете од филот и завиткајте ролат.
Истото направете го и со другите кори. Редете ги ролатите во плех прекриен со пекарска хартија. Вкупно се 6 ролати за еден плех. Одозгора премачкајте ги со преливот кој ќе ви остане. Одозгора наросете со сусам и малку испрскајте ги ролатите со масло.
Овде јас ги филовав со мелено испржено месо, со кромид и зачини, во кое (кога ќе се олади) ставив и 2 јајца и малку сиренце. Вие можете да филовате по вкус, зависи од тоа што најмногу ви јадат домашните .