Испечати

Прилепско копишмиде (може и посно)

Прилепско копишмиде (може и посно)

Состојки

  • 0.5 кг. брашно
  • 1 пресен квасец (40 гр)
  • 1 лајче сол
  • 150 мл. вода
  • 150 мл. млеко
  • 1 јајце
  • 100 гр. стопен маргарин
  • 200-300 гр. бело сирење или изварка
  • сенф, сусам, шарена сол

Подготовка

1. Се сее брашното во вангличе и се додава квасецот издробен, солта, водата, млекото, шарената сол и се меси средно тесто сододавање на брашно по потреба да не лепи.
2. Тестото се дели на 5-6 ѓузлемиња. Се зема едно ѓузлеме, се рассукува и се истегнува со раце во воздух за да се добие големина која е потребна според тавата за печење. Се мачка со стопен маргарин и се посолува со дробено сирење.
Така се изработуваат сите ѓузлемиња освен последното.
3. Се сечи тестото на квадрати и се остава да кисни околу 30 минути и пред печење се мачка со јајце (јас во јајцето ставив 1 лажичка сенф) и се посолува со сусам.
4. Се печи на 200 степени околу 40 минути.
Јас го правев во караванче бр. 36, и доволно е за 4 лица за еден оброк.
Кога се пости го правам во посна варијанта само со вода и посен кашкавал и
така е убаво. Ова е моја варијанта на познатото прилепско копишмиде.
Пријатно!