Испечати

Цветови

Цветови

Состојки

  • 550 гр. брашно
  • 12 гр. сол
  • 6 лажици јогурт
  • 100 мл. млеко
  • 2 лажици масло
  • 180 мл. вода
  • 1/2 квасец
  • 1 јајаце за премачкување

Подготовка

Загрејете ги млекото и водата, колку да се замлачат. Ставете ги во подлабок сад во кој ќе го замесите тестото. Додадете го квасецот, јогуртот, брашното, солта и на крајот маслото. Убаво измесете, да се добие меко тесто. Оставете на топло да надојде. Повторно измесете. Тестото поделете го на 10-15 делови, од секој направете топчиња(малку сплескајте ги) и наредете на плех.(Исто така може да расучите подебела кора и да вадите форми со чаша). Засечете ги од страните со ножица и премачкајте со јајце, а во средината наросете мак и сусам. Оставете уште 15-тина минути. Печете на 220 степени,20-25 минути.