Испечати

Палента обланда

Палента обланда

Состојки

  • Се мери со филџан од 200 мл.
  • 1/2 филџан ориз
  • 1 + 1/2 филџан вода (за варење на оризот)
  • 1 филџан палента (гриз од пченка)
  • 500 мл. вода (за варење на палентата)
  • 2 кисели крставички (од туршија)
  • 2 кисели морковчиња (од туршија)
  • 1 лист обланда
  • 1 лажица путер
  • малку ајвар, сол, сув зачин, павлака

Подготовка

Овој рецепт бидејќи го измислував, морав да ризикувам, но ете ми успеа.
1. Најпрвин го сварив оризот со малку сол според односот 1 количина ориз со 3 количини вода, го измив со ладна вода и го исцедив добро.
2. Додека се цедеше оризот ги исечкав на коцкички крставичките и морковчињата.
3. Палентата ја сварив со 1/2 литар вода во која ставив сув зачин и 1 лажица путер.
4. Ги соединив сите состојки добро мешајќи ги.
5. Според добиената количина 1 лист од обланда го исеков на половина и на првата половина од рапавата страна ја нанесов смесата од палента.
Втората половина од обландата ја ставив одозгора.
Одозгора не треба да се става ништо тешко, доволно е убаво со раце да се натапка горната обланда, а бидејќи палентата ќе се излади, сета топлина оди нагоре и ќе се спои сето само.
6. Кога добро се излади обландата ја исеков на 4 ремени (вие зависно колкави сакате да ви бидат коцките), двата ремени ги намачкав со ајвар и ги ставив врз другите 2 ремени. Исеков коцки и со шприц ги украсив со кисела павлака. Киселите крставички и моркови даваат убав шмек, а може да се стави и обарен грашок, пченка, пиперчиња, маслинки и се што ќе ви дојде како идеја.
Може да се дуплира дозата и да се направи со 2 листови обланда за поголема количина.
Се надевам ќе ви се допадне.
Пријатно!