Испечати

Ролат од мелено месо со спанаќ

Ролат од мелено месо со спанаќ

Состојки

  • За ролатот
  • 500 гр мелено месо
  • 1/2 главица рендан кромид
  • средина од 1 парче леб
  • 4 лажици презла
  • 1 јајце
  • зачини по вкус црн пипер, сол, мешан сув зачин, буковска пипер, магдонос
  • За фил
  • 350 гр листови спанаќ
  • 3 лажици пармезан или ситно рендан кашкавал
  • по вкус мешан зачин, сол, црн пипер и рендано морско оревче
  • 1 или 2 свежи тенки колбаси
  • За прилог
  • 4 поголеми моркови
  • 2-3 лажици путер
  • по вкус мешан зачин, сол и црн пипер

Подготовка

Подготовка на ролатот
Во сад ставете го месото и останатите состојки. Додајте ги зачините по вкус и смесата убаво измесете ја. Оставете ја да отстои, а за тоа време подгответе го филот.
Спанаќот обарете го во зовриена вода потоа исцедете го, оладете го и многу ситно исецкајте го. Додајте го пармезанот или кашкавалот, зачините по вкус и измешајте.
Колбасите ставете ги во загреана тава, избоцкајте ги со чепкалка и малку запржете ги колку да излезе водата и мрснотијата што е пуштаат.
Се зема месото и на хартија за печење со малку масло направете правоаголна форма со должина околу една педа и два прсти( така мерев). Одозгора распоредете го спанаќот и израмнете го а на крајот ставете ги колбасите.
Завиткајте го ролатот и завиткан во хартијата како бомбона ставете го во плехче за печење.
Печете го во загреана рерна на 180 -200 степени околу 1 час или додека добие црвенкаста боја.
Додека се пече подгответе го прилогот.
Морковите излупете ги и исечете ги дијагонално. Сварете ги да омекнат и исцедете ги од водата.
Путерот стопете го и загрејте го во тава. Додајте ги морковите, зачините по вкус и кратко пропржете ги.
Печениот ролат исечете го на парчина и послужете го со приготвените моркови.