Мини чизкејк со лосос
Состојки
- За подлога
- 100 гр солени крекери
- 50 гр путер
- Фил
- 100 гр чаден лосос
- 200 гр крем сирење
- 120 гр рикота сирење
- 120 гр густ јогурт
- 1 лажица ситно сецкан магдонос
- 1 лажица свеж или сув власец
- 3 листа желатин
- по вкус сол и бибер
Подготовка
Крекерите сомелете ги и ставете ги во сад. Путерот стопете го, додајте го во крекерите и измешајте. Смесата распоредете ја во 6 калапи за мафини обложени со хартиени кошнички. Убаво со притискање со лажица израмнете ја. Калапот ставете го во фрижидер да се оладат, а за тоа време подгответе го филот.
Во сад ставете ги рикотата, крем сирењето, власецот, магдоносот и лососот ситно исецкан.
Желатинот натопете го во вода да набубри.
Одвојте 2-3 лажици од јогуртот и малку стоплете го. Додајте го желатинот и змешајте го да се стопи. Додајте го во сирењето. Додајте го и останатиот јогурт и измешајте ја смесата. Додајте и сол и бибер по вкус.
Наполнете ги калапите и оставете ги во фрижидер да се стегнат и разладат.
Пред служење внимателно извадете ги од калапите и остранете ја хартијата.
Украсете ги со парчина лосос или по желба. Се служат како ладно предјадење.