Палачинки со пудинг-крем од лешник
Состојки
- тесто за палачинки
- 3 јајца
- 250гр. брашно
- 350мл. млеко
- 200мл. кисела вода
- 2 лажици масло
- малку сол,половина лажичка рум
- фил
- 500мл. млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 пудинг од лешник
- 200мл. слатка павлака
- малку нутела крем за премачкување и мешавина од мелени јаткасти плодови(ореви,лешници,бадеми)
Подготовка
Започнуваме со подготовка на филот, во мал дел од млекото го разматуваме пудингот и шеќерот. Во преостанатото загреано млеко полека ја сипуваме пудинг смесата и со непрекинато мешање добиваме густ крем. Слатката павлака ја матиме и ја соединуваме со изладениот пудинг...кремот е готов.
Почнуваме со подготовка на палачинките.
Измешајте ги јајцата додека не добиете густа хомогена смеса, ставете го маслото па млекото и измешајте. Потоа непрекинато мешајте и сипајте го брашното, додадете сол и рум за смесата да добие арома, а уште поважно за да спречите впивање на маслото. Доколку смесата ви се чини густа, разредете ја со минерална вода. Пржете ги палачинките во делимано тавчето за палачинкина на кое со сигурност нема да се лепат. Декорирајте ги по сопствена желба и слободно експериментирајте.
Јас ги премачкав со тенок слој нутела потоа крем преклопив и повторно нанесов крем посолив со мешавината од јаткастите полодови и декорирав со киви.
Добар апетит!!!