Обланди седмо небо
Состојки
- 2 големи листови обланда 27*37 см
- тесто
- 6 белки
- 18 лажици шеќер
- 200 гр мелени ореви
- фил
- 6 жолчки
- 10 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 200 гр путер
- глазура
- 80 гр чоколадо за готвење
- 1 лажива масло
- 2 лажици млеко
Подготовка
Рецептов го најдов на интернет и некако уште од прва ми *фати око*. Испаднаа и поубави од што очекував, и квалитетно му се изнасладивме. Во состојките ништо не променив зошто немав никаква потешкотија при подготвувањето и ги пишувам како што и јас ги затекнав.
Јајцата се кршат и се делат белки од жолчки. Потребно е да се печат две теста. Прво се припрема филот за да има време да се излади. Во 6-те жолчки се додава шеќерот и се мати со најголема брзина на миксерот додека жолчките не го зголемат волуменот и не добијат светло жолта боја. Потоа се ставаат врз сад со зовриена вода и се варат на пареа додека не ја добијат потребната густина. Во садот со жолчките додека е сеуште топол се крши 100 гр чоколадо на парченца и се меша додека не се добие убав кафеав крем. Кремот се остава да се лади.
Убаво е кога ги делите јајцата во посебни садови да се стават на 2 места по 3 белки. Во сад за матење се ставаат 3-те белки со 9 лажици шеќер. Се мати цврст снег. Кога ќе добие шамот убава густина се додаваат 100 гр. мелени ореви и со лажица се соединува смесата. Така подготвени белките рамномерно се нанесуваат врз првиот лист обланда на грубата страна. Се печат заедно со обландата на 150 степени 15-тина мин. Истото се прави и со останатите белки и вториот лист обланда. Испечените обланди се сечат на половина да се добијат 4 теста.
Во сад пенесто се мати путерот и се додава изладениот крем од жолчки
Се филува на следниот начин. Најдолу доаѓа обланда, па се става 1/3 од филот и уште 2 пати се прави истото. Филот рамномерно се нанесува и најгоре доаѓа последната обланда, но обратно завртена така што помазната страна од обландата да дојде горе. Се топи чоколадото со млеко и масло и со глазурата се премачкува обландата. Се остава преку ноќ во ладна просторија или во ладилник да се стегне и се сече по желба наредниот ден.
Нема да згрешите ако ја направите зошто навистина е многу убава. Нека е на здравје.