Испечати

Тиспиштија со цреши

Тиспиштија со цреши

Состојки

  • 3 јајца
  • 450 гр шеќер
  • 250 мл масло за јадење
  • 200 мл јогурт
  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 ванили
  • 500 гр цреши

Подготовка

Ова е најбрзата тортичка или тиспиштија - како што ја нарекуваше свекрва ми, нема матење со електрични миксери, туку брзо и едноставно со рачна маталка.
1. Ги матиме јајцата со шеќерот и во нив се додава јогуртот и маслото за јадење.
2. Се додава брашното со печивото и ванилите. Се се меша со рачната маталка.
3. На крај се додаваат исчистените цреши од семките, се промешува и смесата се истура во намрсено и набрашнето тавче за печење бр.30 и се пече во загреана рерна на 170-150 С околу 45 минути.
4. Откако ќе се испече, се изладува и се посипува со шеќер во прав или по желба може да се декорира со шлаг.
....Одличен прилог е со млеко или кафе...мммммм....пријатен апетит !