Тарана со гриз
Состојки
- 15 јајца
- 500 мл млеко
- 500 мл јогурт (или кисело млеко)
- 5 лажичиња сол
- 1 кг гриз (бебешки најситен)
- 3-3,5 кг брашно
Подготовка
1. Јајцата ги матев со миксер и во нив го додадов млекото и јогуртот и посолив
2. Го додадов целиот гриз и околу 3 кг брашно
3. Сето ова го промешав со рака или замесив да речам но не во класично тесто туку колку да не се познава течност. За да не се меси целосно, сето тесто го оставам како партали месени- недомесени. Повремено само се зема од тврдите топчиња кои се замесени и ги ставав во машинка за мелење со појадрото ситце и мелев се до последното зрно брашно.
4. Ја сушев тараната на послани чаршави на сонце , покриени со мрежи(перденца) за да не паѓа врз нив раски или слично.
5. Неколку дена по ред ги изнесувам чаршавите на сонце да се досуши убаво тараната за да не ми се мувлоса преку зимата кога ја чувам во посебни пластични садови.